Повреден возач на ЈСП по каменување на автобусот Print
ACCIDENTS AT WORK - Press
Friday, 02 December 2016 15:49

Повреден возач на ЈСП по каменување на автобусот

Вчеравечер во 22.10 часот телефонски во Единицата за информирање и командување, 38-годишниот И.Р. од скопското село Арачиново, возач на автобус на ЈСП Скопје, пријавил дека автобусот што го управувал бил каменуван, а тој повреден.

Истиот ден, велат од полицијата,  околу 22 часот на ул. „Методија Андонов-Ченто“, во близина на местото викано „Три Куќи“, додека И.Р. управувал автобус, непознат сторител фрлил бекатон плочка во ветробранското стакло.

Стаклото  се скршило, а И.Р. се здобил со повреди  во пределот на очите и бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. После укажаната помош И.Р. бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Извор: http://b2.mk/news/povreden-vozach-na-jsp-po-kamenuvanje-na-avtobusot?newsid=3Po5