Камионџија од Прилеп е тешко повреден во сообраќајк Print
ACCIDENTS AT WORK - Press
Monday, 14 November 2016 00:00

Камионџија од Прилеп е тешко повреден во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Охирд – Кичево во близина на местото Разделина.

Несреќата се случила во саботата во 8.20 часот, кога камион „фургон“ со скопски регистерски таблици, што го управувал педесет и осумгодишен прилепчанец, излетал од патот.

Возачот со тешки повреди бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф