Oбука на тема: „Подготовка за полагање на стручен испит по БЗР”. Печати
ОБУКИ - ОБУКИ
Вторник, 17 Јануари 2017 11:40

Со цел да им се овозможи соодветна стручна подготовка на лицата кои се имаат пријавено за полагање на стручен испит по безбедноста и здравјето при работа, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ја реализира еднодневната обука на тема: „Подготовка за полагање на стручен испит по БЗР”.

Со свои презентации на обуката учествуваа: Снежана Јанкова Петковска, дипломиран инжинер по ЗПР и стручно лице по БР- која што имаше предавање за проценка на ризик и управување со ризик, со демонстирање на практични примери од оваа област; др. Искра Кочева, доктор по медицина на труд кој ги опфати законските одредби кои го покриваат здравствениот аспект од областа на БЗР и м-р Марија Гроздановска, асс.по правни предмети од областа на БЗР која што говореше за законската регулатива на БЗР во РМ.

 

Кандидатите беа запознаени со материјалот за полагање, одговори на дел од прашањата за кои што немаа доволно сознанија, а добија и насоки за литература која можат да ја користат за подготовка на испитот.