Обука за подготовка на стручен испит по безбедност и здравје при работа Печати
ОБУКИ - ОБУКИ
Петок, 02 Септември 2016 09:33

Тема на обука: Материјали за подготовка на стручен испит по безбедност и здравје при работа

Почитувани,

На 31.08.2016г., Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) организираше обука на тема Материјали за подготовка на стручен испит по безбедност и здравје при работа”.

Целта на обуката беше да се обезбеди стручна подготовка на кандидатите кои ќе полагаат стручен испит по безбедност и здравје при работа. Предавачи на обуката беа госпоѓа Снежана Ј.Петковска дипл.инж. по ЗПР и стручно лице, проф. Агим Шаќири – универзитетски професор по трудово право, и Д-р. Искра Коцева – доктор по медицина на трудот.