СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЗР Печати
ОБУКИ - ОБУКИ
Четврток, 30 Јуни 2016 07:15

Со цел да им се овозможи соодветна стручна подготовка на лицата кои се имаат пријавено за полагање на стручен испит по безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 28 јуни 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ја реализира еднодневната обука на тема: „МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ( СЛ.ВЕСНИК НА Р.МАКЕДОНИЈА БР.138 )”.

Со свои презентации на обуката учествуваа проф. др. Агим Шаќири (редовен професор на универзитетот на Југоисточна Европа по предметот трудово право), др. Искра Коцева (доктор по трудова медицина) и дипл. инг. по ЗПР Снежана Јанкова Петковска, стручно лице за БР. На обуката присуствуваа дваесет и три учесници кандидати за стручен испит по БЗР.

Постигнати цели: запознавање на кандидатите со материјалот за полагање, одговори на дел од прашањата за кои кандидатите немаа доволно сознанија, насоки за литература која можат да ја користат за подготовка на испитот. Кандидатите пројавија значителен интерес околу материјата и активно учествуваа со поставување на прашања, за кои предавачите се потрудија да дадат исцрпни одговори и напатствија. Исто така Македонското здружение за заштита при работа на сите кандидати учесници на обуката по електронски пат им испрати линкови за материјалите кои можат да им бидат од полза при спремањето на испитот.