ОБУКИ
УСПЕШНО ЗАВРШИ ВТОРИОТ ДЕН ОД ЧЕТИРИ-ДНЕВНАТА ОБУКА PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Среда, 08 Април 2015 20:19

Вториот ден од четири-дневната обука дел од проектот „Овозможување на образование за БЗР за сите чинители користејќи добра пракса од БЗР институции од ЕУуспешно заврши. За разлика од вчера, кога предавач беше г-дин Марио Вељковиќ, денес обуката ја предводеа д-р Агим Шаќири и проф. д-р Јасмина Чалоска.

Повеќе...
 
УСПЕШНО СПРОВЕДЕН ПРВИОТ ДЕН ОД ЧЕТИРИ-ДНЕВНАТА ОБУКА PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Вторник, 07 Април 2015 18:13

Четири-дневната обука која е дел од проектот „Овозможување образование за БЗР за сите чинители користејќи добра пракса и искуства од БЗР институции од ЕУзапочна со спроведувањето. Првата четири-дневна обука ќе биде одржана во Скопје на 7, 8, 16 и 17 април.

Повеќе...
 
УСПЕШНО ОДРЖАН ЕДНОДНЕВНИОТ СЕМИНАР ВО СОРАБОТКА СО СТОПАНСКА КОМОРА PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Четврток, 26 Март 2015 00:00

Во соработка со Стопанска комора на Р.М денес се одржа еднодневен семинар на тема „Обврска на работодавачот за заштита од пожари, евакуација и спасување согласно Законот за безбедност и здравје при работа“ („Службен весник на РМ“ бр.92/07, Глава 3, чл. 24)”. Поточно во „Други обврски на работодавачот" кои се од Законот за безбедност и здравје при работа, дефинирана е обврската на работодавачот за заштита од пожари, евакуација и спасување, односно секој работодавач е обврзан да применува утврдени мерки и правила за заштита од пожари. Оттаму произлезе и темата за еден ваков тематски семинар, на кој присуствуваа повеќе од 30 претставници на фирми членки на комората.

Повеќе...
 
СЕРИЈА НА ОБУКИ СО ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Вторник, 17 Март 2015 14:32

Македонското здружение за заштита при работа денес ја одржа првата обука од серијата обуки кои се организирани заедно со Државен инспекторат за труд и се наменети за инспекторите. Денешната обука се одржа во Штип во хотел Оаза во Штип а присутни беа повеќе од 20 инспектори. Овие обуки се дел од проектот „Овозможување на образование за БЗР на сите чинители користејќи добра пракса и искуства од БЗР институции од ЕУ“, a наредните обуки ќе се одржат утре (во Струга) и во четврток во Скопје.

Повеќе...
 
СЕ ОДРЖА ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА „ПОСТАВЕНОСТ И ОДГОВОРНОСТИ ОД (НЕ) ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА СИСТЕМОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА” PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Среда, 25 Февруари 2015 14:26

Со цел да се унапреди безбедноста и здравјето при работа и подетално да се информираат компаниите за поставеноста и одговорностите на правните лица, МЗЗПР, заедно со Стопанска Комора на Р.М, одржаа еднодневен семинар кој се одржа денес во просториите на Стопанска комора на Р.М. Главна тема беше „Поставеност и одоговорности од (не) функционирањето на системот за безбедност и здравје при работа во Вашата компанија". На обуката присуствуваа претставници на компании кои се членки на комората.

Повеќе...
 
<< Прва страна < Претходна страна 1 2 3 Следна страна > Последна страна >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk