МЗЗПР СЕ СЕЌАВА

„МЗЗПР се сеќава" е нова категорија на вебстраната на Македонското здружение за заштита при работа во која нашата организација се сеќава на личностите кои имале значаен придонес во развојот на заштитата при работа во Република Македонија.

За било какви предлози, односно личности кои би требало да се вклучат во оваа категорија слободно контактирајте не на:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

или на 02 2 774 868



ТОДОР ВЕЛЈАНОВСКИ PDF Печати Е-пошта
МЗЗПР СЕ СЕЌАВА - Tодор Велјановски
Понеделник, 09 Февруари 2015 14:17

Тодор Велјановски е роден на 05.02.1930 во Долно Агларци, Општина Новаци. Основно образование завршил во селото, додека во 1945 започнал 7-мо одделение во училиштето „Гоце Делчевво Битола. Средното училиште го започнал во гимназијата во Битола, меѓутоа поради тешката ситуација, но и стипендиите, тој станал ученик во техничкото средно училиште „Здравко Цветковскикаде завршил за електротехничар. Тој има ќерка и син.

Неговото прво работно место било учител во Битола во стопанско училиште, училиште за занаетчии. Набрзо станал редовен наставник и работел 18 години. Во меѓувреме завршил педагошко училиште во Риека, Хрватска. Со цел да се доближи до областа заштита при работа, тој се запишал на Економскиот факултет во Прилеп и учел кибернетика, а неговата дипломска работа била од областа заштита при работа.

На 1 март, 1976 година тој станал инспектор за заштита при работа. Во април тој остварил средба со претставници на Македонското здружение за заштита при работа, меѓу кои и Димче Исијановски долгогодишен претседател на здружението, со кои било договорено да се основа здружение за заштита при работа во Битола. Потоа се формирал иницијативен одбор, од кој г-динот Велјановски бил дел како инспектор. Во периодот од април – декември истата година од страна на одборот била подготвена целата документација, бил прифатен статутот и обезбедени средства за формирање на здружение. Така, во декември, 1976 година било формирано Здружението за заштита при работа – Битола, а г-динот Тодор Велјановски бил прогласен за прв претседател. Тој повеќе од 25 години бил на оваа функција.

Како претседател на Здружението за заштита при работа – Битола, тој бил посветен на својата функција и во промовирањето на заштитата при работа, но и за подигнување на свеста на оваа проблематика во поранешна Југославија.

Тој учествувал во серија значајни инцијативи за заштитата при работа кои се случувале во поранешна Југославија. Една од најзначајните била секако учеството во создавањето на Сојузот на здруженијата за заштита при работа на СР Македонија, на која било избрано претседателство. Претседателството го предложило Ристо Џунов, еден од најголемите експерти од областа на заштита при работа, да стане Министер за труд во Југославија. Преку неговите залагања, Здружението за заштита при работа – Битола било директно вклучено во сите активности на сојузот.

 

 

Г-динот Велјановски исто така директно учествувал во организацијата на настани со локалните здруженија од сите градови од Македонија и важел за еден од најактивните лица кој практично поголемиот дел од својот живот го посветил на заштита при работа. Од страна на Здружението за заштита при работа тој е прогласен како еден од најзначајните поединци кои дале посебен придонес за функционирањето на здружението.

На 4 ти април 1989 добил плакета „Златно Сонце" во Белград „Сава Центар" како претседател Тодор Велјановски.

Во 2011 година Македонското здружение за заштита при работа му додели награда за животно дело за особен придонес во безбедноста и здравјето при работа.

{youtube}EFbXJ7hMT04{/youtube}

По пензионирањето тој учествувал во организацијата на сите активности на Здружението за заштита при работа од Битола.

На 16 декември, 2014 година, Тодор Велјановски почина во Битола.

 


МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk