ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА PDF Печати Е-пошта
НОВОСТИ - Македонија
Четврток, 05 Ноември 2009 11:24

Следбено на член 43 од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 92/07), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 30.09.2009 година, ја донесе одлуката за основање на Совет за безбедност и здравје при работа.

Советот за безбедност и здравје при работа ќе биде формиран како експертско и советодавно тело, a неговата улога ќе биде да разгледува и дава мислења и препораки за: програмата, состојбата во областа на безбедноста и здравјето при работа, воведување стратегија за спречување и намалување на повредите на работа и професионалните болести, стручните основи за изработување на закони и прописи од областа на безбедност и здравје при работа и документите на меѓународните организации од оваа област.

ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk