ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ЗАТЕКНА 943 НЕПРИЈАВЕНИ РАБОТНИЦИ PDF Печати Е-пошта
НОВОСТИ - Македонија
Петок, 29 Февруари 2008 00:00

Државниот инспекторат за труд во текот на месец јануари 2008 година изврши вкупно 2594 контроли од областа на работните ондоси и од областа на безбедност и здравје при работа. Државните инспектори од областа на работните односи извршија вкупно 1993 инспекциски надзори од кои 1574 редовни, 263 контролни инспекциски надзори и 156 надзори по писмени барања од странки. При тоа затечени се вкупно 943 непријавени работници и по донесените 213 решенија за забрана на работа на работодавачот (чл.259), пријавени се 531 работник.

Инспекторите за труд во месец јануари донеле 132 решенија за отстранување на повреди на законот и други прописи (чл.258) и 6 решенија за одлагање на извршување на одлуки (чл.262), како и 21 решение за усогласување на работното време со бројот на вработени во трговија (чл.52 од Законот за трговија). Поднесени се и 283 барања за поведување на прекршочна постапка.

Државните инспектори од областа на безбедност и здравје при работа во месец јануари извршија вкупно 701 инспекциски надзор од кои 577 редовни и 124 контролни инспекциски надзори. При тоа донесени се 183 решенија за отстранување на утврдени недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и 8 забрани за работа за деловни простории или орудија за работа во деловни простории.

Инспекторите од областа на безбедност и здравје при работа извршиле 14 увиди на самото место за потешки повреди на работа (нема колективни или смртни случаи). Поднесени се 7 барања за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за инспекција на трудот.

Извештајот е превземен од веб страницата на Министерство за труд и социјална политика, 26 февруари, 2008

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk