Еднодневен семинар: ПОДИГНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО КОМПАНИИТЕ PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Monday, 13 February 2017 00:00

Еднодневен семинар:

ПОДИГНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ

НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

И СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО КОМПАНИИТЕ

23 февруари 2017 година (четврток)

10:00 – 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, притоа следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија на 23 февруари 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: Подигнување на капацитетите на претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа и синдикалните претставници во компаниите.

ПРОГРАМА

I СЕСИЈА

- Законски одредби согласно Законот за БЗР:

· Обврски на работодавачот;

· Права и обврски на работниците;

· Избор на претставник на вработените за БЗР.

Предавач: претставник од Државниот инспекторат на труд / Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија

II СЕСИЈА

- Консултација и информирање на вработените;

- Поим за повреди / несреќи при работа;

- Организирано делување на претставниците на вработените и синдикалните претставници во компаниите.

Предавач: Снежана Јанкова Петковска, дипл. инж. по заштита при работа, стручно лице по безбедност при работа.

III СЕСИЈА

- Насоки во избор на лична заштитна опрема;

- Препораки, демонстрација на лична заштитна опрема.

Предавач: претставник од компанијата за лична заштитна опрема  „Хорват“ ДОО – Скопје.

IV Дискусија

Семинарот е наменет за претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа и синдикалните претставници на репрезентативниот синдикат.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 20 февруари 2017 година.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk