Oдржан еднодневен семинар на тема: „Системи за управување со БЗР” PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Вторник, 24 Јануари 2017 00:00

Позитивното влијание од воведувањето на системите за управување со безбедност и здравје при работа на ниво на организација, како за намалување на опасностите и ризиците, така и на продуктивноста, денес е признаено од страна на Владата на Република Македонија, работодавачите и работниците.

Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, кои помагаат во одржување на здрава и безбедна средина за работа, што претставува клуч за подобрување на самото работно место, Стопанската комора на Македонија на 24 јануари 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), oдржа еднодневен семинар на тема: „Системи за управување со БЗР.

Во првата сесија, предавач беше проф.Д-р Јасмина Чалоска кој што во своето презентирање се задржа на системското управување со ризик, како и на процесот на проценка на ризик.

Во втората сесија, консултант Ирина Паневска, говореше за OHSAS 18001:2007 – стандард за систем за управување со безбедност и здравје при работа, кој има за цел ефективно справување со ризиците за безбедност и здравјето на луѓето вклучени во работниот процес.

Иван Ангелов, претставник од корпоративната компанија Цементарница „УСЈЕ“ АД, членка на Групацијата „ТИТАН“, го сподели позитивното искуство на компанијата со имплементиран стандард OHSAS – 18001. Кои се барањата, потребните документи како и придобивките од негова имплементација.

 

Присутни активно учестуваа во обуката, поставувајќи прашања до предавачите.

 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk