ОБУКА СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА PDF Печати Е-пошта
NEWS - МЗЗПР
Понеделник, 16 Јануари 2017 00:00

Еднодневен семинар:

СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

24 јануари 2017 година

10:00 – 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место. Широк спектар на структури, вештини, знаење и аналитички капацитети се потребни за да се координираат и имплементираат сите елементи кои ги сочинуваат националните системи на безбедност и здравје при работа, така што заштитата достигнува до работниците и животната средина. Позитивното влијание од воведувањето на системите за управување со безбедност и здравје при работа на ниво на организација, како за намалување на опасностите и ризиците, така и на продуктивноста, денес е признаено од страна на Владата, работодавачите и работниците.

Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, кои помагаат во одржување на здрава и безбедна средина за работа, што претставува клуч за подобрување на самото работно место, Стопанската комора на Македонија на 24 јануари 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО  БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА.

 

ПРОГРАМА



I СЕСИЈА      Проф. Јасмина Чалоска – Машински факултет Скопје

- Управување со системи за безбедноста и здравјето при работа;

II СЕСИЈА      Консултант од лиценцирана компанија

- Имплементирање на стандарди за безбедност и здравје при работа во компаниите;

- OHSAS - 18001 - стандард за систем за управување со безбедност и заштита при работа, кој се базира на пристапот при работата, а има за цел ефективно справување со ризиците за безбедност и здравјето на луѓето вклучени во работниот процес. Со воведување на  системот за управување со безбедност и заштита при работа, организацијата ги утврдува деловните активности со кои позитивно влијае на нивото на заштита при работа на своите вработени.

III СЕСИЈА Иван Ангелов - претставник од корпоративната компанија

Цементарница - УСЈЕ АД, членка на групацијата ТИТАН

- Имплементирање на законските прописи за безбедност и здравје при работа и усогласување со Европските стандарди на корпоративно ниво;

- Препораки, размена на добра пракса.

IV Дискусија

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 јануари 2017 година.

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk