Повреден работник на автопатот во изградба Кичево-Охрид PDF Печати Е-пошта
НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА - Прес
Четврток, 05 Јануари 2017 00:00

05.Јануари 2017

На автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на село Попоец, вчера, околу 12 часот, од непознати причини 37-годишно лице од Јабланица, Босна и Херцеговина, вработено во градежна фирма, изведувајќи градежни работи-поставување метално скеле на мост во изградба, паднало од скелето во висина од околу 19 метри.

Лицето од падот се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во кичевската Општа болница од каде, поради сериозноста на повредите, било префрлено во Ургентен центар Скопје.

Повредениот е надвор од животна опасност.

Извор: http://www.ohridnews.com/vesti/102742

OhridNews

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk