МЗЗПР: 40-тина смртни случаи годишно при повреда на работно место PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Tuesday, 13 December 2016 00:00

Паднал од скеле, загина работник на градилиште, повреден тракторист. Секојдневно се повредуваат и гинат работници на своите работни места. Годишно во просек 40-тина работници ги губат животите, а стотици се повредуваат додека извршуваат работни задачи. Од здружението за заштита при работа велат дека за црната статистика одговорни се работодавачите, но и самите работници.
Газдите најчесто ги воведувале мерките само на хартија, колку да се заштитат од инспекција, а законските одредби ги сметаат за дополнителен и непотребен трошок. Сепак, велат дека фирмите многу повеќе ги чини ако работникот се повреди и не доаѓа на работа. Доколку платата на работникот е 200 евра, ако тој се повреди, фирмата ќе ја чини 2.500 евра во наредните 3 месеци.
Ни самите вработени не си ги знаат правата. Дури 85% не знаат како нивните работодавачи треба да ги заштитат на работното место, ниту пак каде можат да се обратат при повреда на работа.
Најголемиот број од смртните случаи и повреди на работа се случуваат во земјоделството, при управување со механизацијата – најчесто трактори. Во најризичните сектори се вбројуваат и транспортот, градежништвото и црната металургија.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk