Истиот ден, велат од полицијата, околу 22 часот на ул. „Методија Андонов-Ченто“, во близина на местото викано „Три Куќи“, додека И.Р. управувал автобус, непознат сторител фрлил бекатон плочка во ветробранското стакло.
Стаклото се скршило, а И.Р. се здобил со повреди во пределот на очите и бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. После укажаната помош И.Р. бил пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.
Извор: http://b2.mk/news/povreden-vozach-na-jsp-po-kamenuvanje-na-avtobusot?newsid=3Po5