40 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ - Здружение за заштита при работа-Битола PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Monday, 28 November 2016 00:00

На 24.11.2016 год. Здружението за заштита при работа-Битола, прослави 40 год. од своето постоење и по тој повод одржаа свечена седница на која што промовираа монографија и доделија благодарници на сите нивни соработници во изминатиот период, меѓу кои и на г-дин Милан Петковски, претседател на Македонското здружение за заштита при работа.

„Благодарницата на Македонското здружение за заштита при работа ja доделивме поради долгогодишна соработка со нашето здружение, воведување и информирање за сите настани од областа на БЗР кај нас, не изоставувајќи ги сите трендови и од Европа, а со тоа и подигнување на нивото и значењето на безбедноста при работа. Соработката со МЗЗПР одамна е воспоставена и се одржува поради добрите деловни односи, информирање преку сите ваши вработени, учество на заеднички трибини итн.” -изјави Драга Горјанова, претседател  на Здружението за заштита при работа- Битола.

Македонското здружение за заштита при работа со огромно задоволство ја прими оваа благодарница и понатаму заеднички ќе се бориме за унапредување на безбедноста и здравјето кај сите засегнати страни од оваа област.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk