Деветото стручно советување од областа на рударството и геологијата 11-13 Ноември - Струмица PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Monday, 21 November 2016 12:49

Во периодот од 11-13 Ноември во Струмица, се одржа деветото по ред стручно советување од областа на рударството и геологијата. Во оваа прилика, со дел од учесниците поразговаравме за проблемите и предизвиците во рударството и геологијата:

Горан Сарафимов, ЗРГИМ и раководител на рудник Сардич

Ваш впечаток за советувањето?

Советувањето беше организирано од Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија, а како корганизатори земаа учество и Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип и Балканската академија на рударски науки. Од година во година, советувањето добива на квалитет и зголемена присутност. Во организацијата на ова советување активно учествуваа истакнати Професори од Македонија, Словенија, Србија, Турција, Бугарија и Босна, со цел да се зголеми квалитетот на стручните трудови, да има што поголем број на посетители но и присутните гости да имаат можност за дискусија со експерти од оваа рударско-геолошка афела. Презентирани пред присутните гости беа 15 стручни трудови од модерните достигнувања во рударството и геологијата, од вкупно 31 објавени трудови. По изминати осум советувања, на последново советување, за прв пат беше организиран и симултан превод, со оглед на големиот број на гости од странство.

Како заклучоци за во иднина би напоменал дека за наредното советување сигурно бројот на странски експерти од областа на рударството и геологијата ќе биде поголем, со што ова советување би преминало во Балканска конференција, а исто така ќе се обидеме објавените стручни трудови да бидат рецензирани со што бројот на трудови би се намалил, но квалитетот на објавените би бил несомнено поголем.

Кои се главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат вработените во оваа дејност?

Сметам дека во последнава деценија многу поактивно почна имплементирањето на мерките за безбедност и здравје при работа, со цел безбедно доаѓање, безбедно извршување на работните задачи и заминување од работното место во рудниците.  Добар дел од поголемите Македонски компании ги практикуваат начелата за безбедна работа, за да се овозможи на вработените со поголема безбедност и сигурност да пристпат кон извршувањето на нивните работни обврски. Со оглед на тоа што работата во рудниците е со поголем индекс на тежина во однос на останатите сектори, безбедноста на вработените мора да биде на прво место.

Koja e вашата заложба како здружение и кои се вашите идни планови?

Здружението на рударски и геолошки инженери има своја годишна програма која ја поднесува Извршниот одбор, а ја одобрува Собранието на Здружението. Во наредниот период е планирано организирање и давање подршка на инженерите, техничарите и другите инволвирани во рударството и геологијата, потоа развивање на творечка иницијатива за развој на производството во рударството и геологијата, имаме испланирано соработка од заеднички интерес со соодветни републички институции и стручни организации, како Стопанска комора на Македонија, и неколку образовни-научни институции. Здружението на рударски и геолошки инженери исто така активно учествува во работата од областа на стандардизацијата во рударско-геолошкото производство како и други индустрии кои се неопходни во процесот на производството.

Во текот на идната година Здружението на рударски и геолошки инженери, има за цел издавање на реномирано списание во кое ќе бидат публикувани најсовремени техники и достигнувања од областа на рударството и геологијата.

_______________________________________________________

в.д Пом.Раковотител на сектор за БЗР, Дејан Михајлов

Колку често сте присутни на настани од овој тип?

На  9-то стручно советување од областа на рударството бев на покана од Претседателот на здружението на руд.и геолошки инжинери   г-дин Горан Серафимовски , и само за информација јас сум единствениот во Државниот инспекторат за труд од областа на БЗР кој по образование е Дип.рударски инженер. Јас сум присутен скоро на сите досегашни вакви стручни советувања, почнувајки од првото кога бев студент па се до денешното, каде се претставуваат последните достигнувања во рударството и во опремата и машините кои се користат во истото во светот и кај нас.

Од искуство на терен какви се вашите видувања за имплементирањето на обрските кои ги имаат правните лица , а кои произлегуваат од законот за БЗР?

Од искуството на терен при надзорите во рудниците, но и од моето претходно шест годишно работно искуство како Раководител на рудник можам да кажам дека свеста и кај работодавачите и кај работниците е на едно високо ниво, но со учество на сите чинители во безбедноста и здравјето при работа и нивна взаемна подршка и соработка почнувајки од Советот за БЗР, преку здруженијата за БЗР,Институтот за трудова медицина,работодавачите,работниците и на крајот до Државниот инспекторат за труд, а преку почести обуки на вработените и стручни усовршувања на стручните лица за БЗР, јас сум убеден дека безбедноста и здравјето при работа кај сите правни субјекти во државата , вклучувајки го и рударскиот сектор ке го подигнеме на уште повисоко ниво,не само квантитативно туку и квалитативно.

____________________________________________________________________

Зоран Вучковски-стручно лице за безбедност при работа ( Сардич)

Дали домашната законска рамка во целост обезбедува и гарантира мерки за безбедност и здравје при работа?

Сметам дека имаме доволно мерки кои се предвидени и кои се применуваат согласно законот за Б.З.Р, но сметам дека проблемите настануваат со неедукацијата и недоволната информираност на поголем дел од Фирмите во државата за рамките и обврските кои произлегуваат од Законот. Односно поголем дел го прават само она што им е наметнато и сугерирано дека треба да го направат.

Како е регулирана безбедноста и здравјето при работа во ,,Сардич"?

Безбедноста кај нас а мислам и кај поголем дел од рудниците во Македонија е организирано на повисоко ниво. Пред се почнувајки од здравствените прегледи кои се задолжителни на 12 месеци (или зависно од проценката), Склучвање на договор со здравствена установа Специјалисти по медицина на трудот за проверка и контрола на здравјето на вработените, задолжителните годишни обуки и прверка на познавањето на предвидените мерки за Б.З.Р, обуките за ПП и ППЗ, состаноци за безбедност кои се одржуваат со вработените месечно и многу други мерки. Вработените посетуваат вообичаено обуки 1 годишно и при распоредување на друго работно место или промена на технологијата со која работат на работното место, додека за теми мислам дека тоа е индивидуално зависно од Дејноста на претпријатието и образованието на работниот кадар.

Дали студентите по технички науки имаат можност да се стекнат со практично искуство во вашата компанија?

Сметам дека можат, тоа е и интенцијата на менаџерскит тим да се земаат млади кадри кои можат полесно да се приспособат и научат многу работи бидејки за истите сево ова е новитет и би претставувало добра основа за учење се разбира и ова е индивидуално за секого зависно кој колку сака да навлезе во одредена проблематика.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk