ЗАГИНА РАБОТНИК ВО КАТНА ГАРАЖА PDF Печати Е-пошта
НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА - Прес
Вторник, 15 Ноември 2016 00:00

ЗАГИНА РАБОТНИК ВО КАТНА ГАРАЖА: Паднал од 8. кат додека поправал лифт

Според информациите на МВР, вчера при поправка на лифт за автомобили во катната гаража „Солунски конгрес“ во Центар, кој бил заглавен на 8. кат, работник се лизнал и паднал. По неколкучасовна битка, работникот утрово во 1 часот починал

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

Работник од Скопје загина вчера при поправање на лифт во катната гаража „Солунски конгрес“, на кејот на Вардар.

Според информациите на МВР, вчера во 17 и 50 часот при поправка на лифт за автомобили во катната гаража „Солунски конгрес“ во Центар, кој бил заглавен на 8. кат, М.В.(57) во Скопје се лизнал и паднал.

Работникот бил пренесен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ со тешки телесни повреди. Неколку часа по несреќата, работникот починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Телеграф.мк
 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk