Повреден тракторист PDF Print E-mail
ACCIDENTS AT WORK - Press
Monday, 14 November 2016 00:00

На 14.11.2016 година околу 15.30 часот во атар на с.Свети Тодори, битолско, на м.в. „Кошари“, М.П.(52) и О.А. (35), двајцата од с.Свети Тодори, отишле со трактори да собираат дрва. Во еден момент О.А. заглавил со тракторот, а М.П. со каиш го прикачил неговиот трактор за тракторот на О.А. и се обидел да го извлече. При обидот дошло до кинење на каишот, по што М.П. се превртел од тракторот и се здобил со повреди во пределот на главата и паднал во безсознание. Истиот со возило бил пренесен до с.Ивањевци од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди во пределот на главата и вратот, и се наоѓа во животна опасност. Поради непристапност на теренот, а во консултација со Јавен обвинител, увид на местото на настанот ќе се врши на 15.11.2016 година.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk