стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлотација на минерални суровини Подекс-Повекс 2016 PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Tuesday, 15 November 2016 11:19

Од 11.11.2016 год. до 13.11.2016 год. по девети пат, во Струмица, се одржа стручно советување со меѓународно учество од областа на  подземната и површинската експлотација на минерални суровини Подекс-Повекс 2016. Организатори на овој настан беа: Здружение на рударски технолошки инжинери на Република Македонија и Универзитет „Гоце Делчев”-Штип, Факултет за природни и технички науки- Институт за рударство.

На советувањето беа присутни над 200 учесници:  Професори од факултетот за природни и технички науки и професори од Технолошкиот-металуршкиот факултет при УГД; Факултет за природни науки и инженерство, Љубљана, Словенија; Научно – технички сојуз за рударство, геологија и металургија, Софија, Р. Бугарија; Рударски Институт, Белград, Р. Србија; претставници од Министерство за економија,  како и претставници од компаниите за рударска опрема и машини.

На советувањето беа презентирани новите техничко – технолошки достигнувања и остварените производни резултати во подземната и површинската експлоатација на корисни минерални суровини, беше направен реален пресек на состојбите во подземните рудници за производство на олово и цинк и други минерални суровини, на состојбите во површинските рудници за производство на бакар и други металични и неметалични минерални суровини, беа дадени основни насоки и перспективи за понатамошен развој на технологиите за подземно и површинско откопување на минералните суровини.

На крајот на советувањето беше презентиран проектот „Иловица-Штука”. Се очекува, Иловица-Штука да биде најголем рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа.

Одржувањето на вакви стручни собири од областа на рударството е можност за размена на стекнати искуства во процесот на подземна и површинска експлоатација на минерални суровини.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk