Конференција„ Рамковните договори за партнерство со Европската Комисија” PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Friday, 11 November 2016 11:14

Почитувани,

 

Со задоволство Ве информираме дека на 10 и 11 ноември 2016 год, во Скопје, во хотел Мериот, се одржува Конференција на тема „Рамковните договори за партнерство со Европската Комисија”. Овој настан е во организација на ТАКСО, за проекти поддржани од Европската Унија.

Општата цел на проектот е зајакнување на граѓанското општество во земјите од Западен Балкан и Турција. Регионалните мрежи на граѓански организации кои веќе ги имаат имплементирано проектите структирирани како рамковни договори за партнерство, ги презентираа резултатите и споделуваа свои искуства, како и препораки за понатамошни подобрувања.

За време на настанот беше разговарано за актуелните прашања кои го засегаат граѓанското општество на следните теми:

  • Животна средина, природни ресурси, енергија и рурален развој, борба против корупција, човекови права итн.

На конференцијата присуствуваа претставници од учесниците на проектите од: Македонија, Турција, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина; релевантни клучни претставници од јавните институции и граѓански организации од Западен Балкан, како и претставници од инстутициите на ЕУ.

 

Со почит,

Македонско здружение за заштита при работа


 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk