еднодневна обука на тема: „Улога на синдикатот и претставникот на... PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Friday, 04 November 2016 12:14

На 03.11.2016 год., поради голем интерес, повторно во организација на МЗЗПР, се одржа еднодневна обука на тема: „Улога на синдикатот и претставникот на вработените за БЗР согласно законот за безбедност и здравје при работа”.

Предавачи на обуката беа: Проф. Д-р Агим Шаќири, кој што ги опфати правните аспеките на оваа тема, Снежана Јанкова Петковска дипл.инжинер по ЗПР која имаше предавање за проценка на ризик за безбедност, а Д-р Сашо Столески, Институт по медицина на труд, имаше презентација на тема: „ Стресот на работното место и неговото влијание врз работниците”.

Учесници на обуката беа синдикални претставници на репрезентативниот синдикат, претседатели на синдикални организации и претставници на вработени за безбедност и здравје при работа од компаниите: Кватро ДОО Куманово, Џонсон Мети, Балкан Енерџи Груп, РЕК Битола, Рудник Бучим, АД ТЕЦ Неготино и Еуромакс ресорсис.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk