Обука на тема„ Улога на синдикатот и претставникот на вработените за БЗР“ PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Wednesday, 26 October 2016 00:00

На 26.10.2016 год. се одржа еднодневна обука на тема„ Улога на синдикатот и претставникот на вработените за БЗР согласно законот за безбедност и здравје при работа”. Предавачи на обуката беа: Проф. Д-р Агим Шаќири, кој што ги опфати правните аспекти на оваа тема и Снежана Јанкова Петковска дипл.инж. по ЗПР која имаше предавање за проценка на ризик и изјава за безбедност. Покрај теоретскиот дел, имаше и практично изготвување и презентација на проценка на ризик од самите учесници на обуката. Учесници на обука беа синдикални претставници на репрезентетивниот синикат, претседатели на синдикални организации и претставници на вработени за безбедност и здравје при работа од компаниите: Џонсон Мети, Мермерен комбинат АД, Релизис, Империал  Тобако и Тутински Комбинат.

Беа споделени искуства, мислења, како и пракси во оваа област меѓу самите учесници. Се даваа насоки, како и забелешки за подобрување во иднина. Беше истакнато дека претставниците на вработените имаат свои права, но и обврски кои треба да се почитуваат. ,,Да се биде претставник на вработените е меч со две острици. Од една страна треба да комуницирате со работниците, Вашите колеги, да ги ислушате нивните забелешки, и аргументирано да ги презентирате на работавачите”- посочи предавачот Снежана Јанкова Петковска.

Беше заклучено дека она што е потребно да се направи профил за претставникот на вработените, да се води записник од редовните состаноци, потребна е и дополнителна едукција, обуки- не е доволно факултетското знаење.

 

Оваа обука предизвика особен интерес, така што истата, ќе се повтори на 03.11.2016 год.

 

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk