Избор на Амбасадор за Македонија на Европската мрежа за образование и обука за безбедност и здравје при работа (ENETOSH PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Monday, 17 October 2016 10:30

Почитувани,

 

Македонското здружение за заштита при работа, како координатор на активностите на меѓународните организации, за Македонија, споделува повик за именување на Амбасадор за Македонија, на Европската мрежа за образование и обука за безбедност и здравје при работа (ENETOSH).

Европската мрежа за образование и обука за безбедност и здравје при работа (ENETOSH) нуди платформа за систематска размена на знаења, образование и обука во областа на безбедноста и здравјето на луѓето.

Основната цел на ENETOSH е унапредување и спроведување на безбедноста и здравјето при работа (БЗР) во образованието и обука. Мрежата е водена од претпоставката дека главните насоки за безбедност и здравје во образованието и обуката, ќе помогне во зајакнувањето на севкупниот квалитет на образованието и со тоа паралелно ќе се подготвува теренот за развој на културата на превенција.

Амбасадорите на ENETOSH се национални контакт тела на Европската мрежа за образование и обука за безбедност и здравје, за индивидуалци и институции, кои би сакале да знаат повеќе за мрежата или сакаат да стапат во контакт со ENETOSH. Амбасадорите пред се треба да бидат лица од мајчино говорно подрачје.

Како официјални претставници на мрежата тие се овластени да ја промовираат ENETOSH мрежата, не само  во рамките на национално ниво, туку исто така и на меѓународни настани.

Ве молиме Вашата заинтересираност за назначување на лице од Вашата компнија, да ни го доставите во вид на Одлука, на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

За дополнителни информации можете да не контактирате на + 389 (0)2 2774 868.

 

Со почит,

Македонско здружение за заштита при работа

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk