Европска недела за безбедност и здравје при работа PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Thursday, 20 October 2016 11:46

 

Европска недела за безбедност и здравје при работа започнува во понеделник.
Македонско здружение за заштита при работа, како
Focal Point на Европската агенција за безбедност и здравје при работа и оваа година ја одбележува Европската недела за БЗР која ќе трае од 24 до 28 октомври-како дел од кампањата на EU-OSHA: ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ. Одбележувањето на Европската недела ќе започне со спроведување на промотивни настани и промовирање добра пракса за БЗР и тоа на 25.10.2016 во Технички Гасови, а на 26.10.2016 во Окитекс. Од страна на Др. Драган Мијакоски - Институт за медицина на трудот на РМ, ќе биде одржана презентација на тема: „Стресот на работното место и неговото влијание врз работниците″ .

Исто така на 26.10.2016 год.во едукативниот центар за БЗР ќе биде спроведена обука: „Улогата на синдикатот и претставникот на вработените за БЗР согласно Законот за безбедност и здравје при работа. Обуката е наменета за синдикалните претставници на репрезентативниот синдикат, претседатели на синдикални организации и преставници на вработени за безбедност и здравје при работа.

Во рамките на Европска недела за БЗР, Македонското здружение за заштита при работа од 26.10.2016-28.10.2016 год. ќе го подржи Државниот инспекторат за труд во реализација на симпозиум, кој ќе се одржи во Охрид на тема: „Состојба со безбедност и здравје при работа преку призма на инспекциски надзор – регионална соработка”.

На симпозиумот ќе присуствуваат директорите на регионалните канцеларии од Белград, Загреб, Приштина, Подгорица, Тирана, Атина и Сарево, како и претставници од EU OSHA и ILO.

Детален извештај за настаните кои следат ќе биде достапен на МЗЗПР.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk