Oдржан 40-тиот Меѓународен саем за превенција и реагирање во вонредни ситуации и безбедност и здравје при работа-Белград PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Wednesday, 19 October 2016 08:16

Во период од 11.10-14.10.2016 год. во Белград се одржа 40-тиот Меѓународен саем за превенција и реагирање во вонредни ситуации и безбедност и здравје при работа. Оваа долгогодишна регионална манифестација како по традиција, на едно место ги собира најзначајните фирми и брендови од Балканот, а и пошироко, и поврзува повеќе од илјада професионалнци од областа на безбедност и здравје при работа. Учеството на овој настан претставува можност да се разменат искуства, проблеми и предлози за можни решенија меѓу граѓанските организации и јавните институции.

Учество на овој саем имаше и претседателот на Мaкедонското здружение за заштита при работа г-дин Милан Петковски, кој говореше на тема: „Континуирано стручно усовршување во областа на безбедноста и здравје при работа-искуство од Македонија.

 

На 14.10.2016 се одржа и работен состанок како дел од регионалнот проект „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните организации за подобрување на условите за работа и дијалот со јавните институции во кој учество има и  Македонското здружение за заштита при работа. На состанокот беа презентирани главните активности на проектот како и следни чекори како дел од имплементација на истиот.


 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk