Вториот Македонски конгрес за медицина на трудот PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Monday, 17 October 2016 13:55

Oд 12.10.-14.10.2016 год. се одржа Вториот Македонски конгрес за медицина на трудот со меѓународно учество, кој што е во Организација на Македонското здружение за медицина на трудот и Институтот за медицина на трудот на Р.Македонија. Пред свеченото отварање, каде што присустуваше и претседателот на МЗЗПР г-дин Милан Петковски, во текот на денот се одржа и Национална работилница за болести поврзани со азбест, паралелно и состанок на мрежата на Југоисточна Европа за здравјето на работниците.

Најпрво, поздравен говор имаше деканот на Медицински факултет Соња Топузовска, а потоа присутните ги поздрави Проф.Јованка Бислимовска-координатор на мрежата на Југоисточна Европа, Д-р Елизабет Пауновиќ, раководител на СЗО Европскиот Центар за животна средина и здравје; г-ѓа Снежана Чичевалиева шеф на канцеларија на СЗО во Македонија и проф. Јордан Минов, Институт за медицина на труд, Скопје, Колаборативен Центар на СЗО. Цел на средбата беше да се претстави Националната програма за отстранување на болестите поврзани со азбест и да се обезбеди платформа за подготовка на следните активности во рамките на партнерството во акција за отстранување на болести поврзани со азбест, особено во земјите од Југоисточна Европа. Претставници од: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска,Србија, Црна Гора и Турција, презентираа извештаи за напредокот во отстранување на болестите поврзани со азбест за земјите од каде што тие доаѓаат.

Свое излагање имаше и раководителот на бзр при Државниот инспекторат за труд, Слаѓана Андоновска која истакна: „Во целост ја подржуваме националната програма за болести предизвикани од азбест, а како Државен инспекторат за труд сме вклучени во инспекциски надзори во спречување на болести предизвикани од учеството на азбест. Свеста кај работниците во последните години е подобрена во Македонија. Речиси и да не се случува, а да не се пријават градежни активности”.

Работилницата заврши со дискусија меѓу присутните за идните активности, планови на Мрежата на Југоисточна Европа за приоритетните акции за здравјето и безбедноста на работната популација 2016-2020.

На конгресот беа презентирани над стотина научни трудови во форма на писмени излагања, пленарни предавања, постер презентации, форуми и работилници. Беа опфатени различни теми од областа на медицина на трудот, вклучувајќи-безбедност и здравје при работа; на форумите се дискутираше за: етика во медицина на труд, добра пракса во медицина на труд, за безбедност на работа; работилниците беa наменета за здравствените работниците, a беа опфатени теми за психо-социјалните фактори, за професионална експозиција и здравствени ефекти.

Учесници беа од повеќе држави од регионот и од Европа: Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија и Австрија.

Претседателот на Македонското здружение на медицина на трудот д-р Драган Мијакоски, изјави: „Oвие настани, главно, влијаат на десиминација на информации кои се однесуваат на безбедноста и здравјето на работното место, на превенцијата на професионалните болести и повреди при вршење на работните задачи, а се разбира и за подигнување на свеста кај работниците, кај работодавачите и сите клучни партнери во областа на безбедноста и здравјето при работа и подобрување на условите на работното место. Па така и мотото на овогодинешниот конгрес е: Да работиме заедно за здравјето на работниците”.

Македонското здружение за заштита при работа и понатаму ќе подржува и присуствува на настани кои што имаат за цел-унапредување на безбедноста и здравјето кај работниците.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk