Интервју со Г-дин Дејан Хаџи Димов, стручно лице за безбедност при работа во ЈСП PDF Print E-mail
NEWS - MOSHA
Monday, 10 October 2016 09:04

Г-дин Дејан Хаџи Димов, стручно лице за безбедност при работа во ЈСП


Kој беше главен момент за да ја одберете оваа струка?

Желбата да се заврши факултет од техничка струка и на времето изгледаше како добра насока за професионално  реализирање во животот што и се остварува тековно.

Набројте ми неколку од Вашите секојдневни, рутински работни обврски?

Првата работна обврска е состанок утрински со службата, распоред на обврски за тековниот ден и размена на информации. Потоа се е по потреба на работниот процес:

-Контрола на работни процеси и места

-контрола на употреба на заштитни средства и опрема

-изработка на разни спецификации,известувања,предлози и др.

Како е регулирана безбедноста и здравјето при работа во вашата фирма?

БЗР е регулирана секако со Законот за БЗР и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и сите правилници и регулативи што произлегуваат од нив.

Дали имате претставници на вработените за безбедност и здравје при работа и според вас, какво е нивното влијание во системот на БЗР во компаниите?

Да, има четири претставници на вработените за БЗР од репрезентативните синдикати и нивната улога е прецизирана со закон, се постапува соглано истиот и нивната улога е сега со  позабележително влијание откако се направени последните законски  измени во таа насока.

На кој начин може да се влијае за подигнување на јавната свест во унапредување на безбедноста и здравјето при работа?

Јавната свест дефинитивно е променета во последно време, судејќи по моите професионалните  контакти со фирми и здруженија, но секако не во доволна мера за тоа да влијае на сите пори на работното општество. Тука пред се се мисли на оние дејности во кои има најмногу повреди, така да интензивните иницијативи на граѓанските и професионалните здруженија секако се од големо влијание за ширењето на свеста за БЗР. Потребна е сигурно работа на терен во форма на трибини и советувања за да се допре до директно инволвираните работодавачи и вработени на почетните нивоа на различните процеси во сите струки директно загрозени од небезбедна работа.

 

MOSHA Login

MACEDONIAN OCCUPATIONAL SAFETY AND HEALTH ASSOCIATION

st.Vostanicka No. 2, 1000 Skopje, R.Macedonia
postal address: P.O box 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk