Обука “Испитување на работна опрема“ 13,09,20016 PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Вторник, 13 Септември 2016 00:00

“Испитување на работна опрема согласно Законот за безбедност и здравје при работа (Сл.весник на РМ бр.92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16)”

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 13 септември 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР),  реализираше еднодневен семинар на тема:

ИСПИТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ОПРЕМА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА („Службен весник на РМ“, бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16).

Модератор на обуката беше госпоѓа Снежана Ј. Петковска дипл.инж. по ЗПР. На обуката присуствуваа 41 учесници од различни компании, истата беше реализирана согласно предвидената програма:

1. Адвокат Марина Блажевска

- Правна легислатива од областа на безбедноста и здравјето при работа,

2. Проф.Др. Виктор Гавриловски – Машински факултет Скопје

- Испитување на работна опрема

- Работни вежби

3. Г-дин Јане Ставрев – Државен инспекторат за техничка инспекција

- Дискусија - состојба на терен

4. Г-дин Јосиф Перчинков – Државен инспекторат на труд

- Дискусија – состојба на терен

Им благодариме на сите учесници на обуката кои со своето учество во дискусиите го подигнаа нивото на истата и на кои дискусии беа поставени и одговорени низа на прашања поврзани со темата.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, според Годишната програма за спроведување на обуки од областа на БЗР.



 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk