OБУКА ШТИП 19-20 МАЈ 2 ДЕЛ PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Понеделник, 23 Мај 2016 10:54

Одржана обука на тема: Овозможување на образование за БЗР на сите чинители користејќи добра пракса и искуства од БЗР институции од ЕУ.

На 19 и 20 мај 2016год. се одржа втор дел од четиридневната обука, организирано од МЗЗПР, Штип – хотел Оаза, на тема : Овозможување на образование за БЗР на сите чинители користејќи добра пракса и искуства од БЗР институции од ЕУ. Според модулот кој го креира МЗЗПР за одржување на овој настан, присуствуваа 12 слушатели од различни индустриски гранки во Р.Македонија.

 

Обуката се реализираше согласно програмата што беше предвидена:

1. Д-р. Јасмина Чалоска, професор на Машински факултет Скопје.

Проценка на ризик, методологија за проценка на ризик, мерки за отстранување, намалување или спречување на ризик, одредување на приоритети, одговорност и временска рамка.

Ергономски котролни точки и нивна примена при проценка на ризик, складирање и ракување со материјали, рачни алати, безбедност при работа со машини, проектирање на работно место, работни и помошни простории, осветлување, контрола на опасни супстанци, организација на работење.

2. М-р Трајче Велковски, асистент на Машински факултет Скопје.

Студија на случај, работилница на терен за проценка на ризик на конкретни работни места користејќи  ергономски контролни точки, презентација на резултатите од групната работа и дискусија.

Практични примери.

3. Посета на фабрики

4. Слаѓана Андоновска, раководител на сектор за БЗР во Државна инспекција на трудот.

- Имплементација на законот за безбедност и здравје при работа ( сл.весник на Р.М бр.53/13г. пречистен текст и измените и дополнувањата во сл.весник на Р.М бр.164/13г., бр.158/14г., бр.5/15г., бр.129/15г.)

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 20 бода за пасивно учество на истата, според Годишната програма за спроведување на обуки од областа на БЗР.

ГАЛЕРИЈА:
 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk