ОБУКА ШТИП 11 - 12 МАЈ 2016 ПРВ ДЕЛ PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Четврток, 12 Мај 2016 00:00

Одржана обука на тема: Овозможување на образование за БЗР на сите чинители користејќи добра пракса и искуства од БЗР институции од ЕУ.

На 11 и 12 мај 2016год. се одржа прв дел од четиридневната обука, организирано од МЗЗПР, Штип – хотел Оаза, на тема : Овозможување на образование за БЗР на сите чинители користејќи добра пракса и искуства од БЗР институции од ЕУ. Според модулот кој го креира МЗЗПР за одржување на овој настан, присуствуваа 12 слушатели од различни индустриски гранки во Р.Македонија.

 

Обуката се реализираше согласно програмата што беше предвидена:

1. Мр. Марио Вељковиќ, МБА мастер по бизнис администрација за стратешки менаџмент,независен консултант.

· Стратешко и оперативно планирање на БЗР како основа на институционализацијата на стручните лица за БЗР во деловните субјекти.

· Работни вежби - ГОП

2. Др. Драган Мијакоски, доктор по Медицина на трудот.

· Мускулоскелетни болести и работа, ризик фактори за развој на мускулоскелетните болести поврзани со работата.

3. Др. Сашо Столески, доктор по Медицина на трудот.

· Ергономија и ергономски интервенции – приказ на случаи. Медицински аспекти на болестите на локомоторниот систем поврзан со работата.

· Прашалник за симптомите на мускулоскелетните заболувања поврзани со работата. ( тренинг )

4. Др. Агим Шаќири, доктор на правни науки, универзитетски професор по трудово право, меѓународен експерт за подигнување на капацитетите на инспекцијата на трудот.

· Улога на стручното лице при анализа на несреќи при работа

· Работилница – Ризични фактори кои предвидуваат несреќи при работа и професионални заболувања.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 20 бода за пасивно учество на истата, според Годишната програма за спроведување на обуки од областа на БЗР.

Галерија:
http://www.mzzpr.org.mk/index.php?option=com_morfeoshow&task=view&gallery=46&Itemid=18&lang=mk

 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk