ОБУКА МИХАЈЛОВО 5-7 МАЈ PDF Печати Е-пошта
ОБУКИ - ОБУКИ
Понеделник, 09 Мај 2016 10:09

Одржана обука на тема: Обврска на работодавачите за вработените и ангажираните работници од областа на безбедност и здравје при работа во земјоделскиот сектор и индустријата.

На 05,06 и 07 мај 2016год., се одржа три дневен регионален семинар во Михајлово - Кавадарци, организиран од Македонското здружение за заштита при работа – Скопје во соработка со ДИТ- Кавадарци, на тема: Обврска на работодавачите за вработените и ангажираните работници од областа на безбедност и здравје при работа во земјоделскиот сектор и индустријата. Присуствуваа 35 слушатели од разни компании на територија на Р.Македонија.

Презентер  Слаѓана Андоновска, раководител на секторот за БЗР во Државен инспекторат за труд

- Обврска на работодавачите за вработените и ангажираните работници од областа на БЗР во земјоделскиот сектор ( лозарство и овоштарство ) и индустријата.

Презентер Горан Поповски, ВД раководител на сектор за БЗР во Државен инспекторат за труд

- Ангажирање на стручни лица за БЗР и избор на претставници на вработени за БЗР, согласно бројот на вработените и дејноста на компаниите.

Презентер Борче Стојчевски, дипл.инж. ЗПР, стручно лице за БЗР

- Испитување на работна опрема и механизација во земјоделскиот сектор ( лозарство и овоштарство ) и нивно означување.

- Испитување на работната опрема согласно Законот за БЗР и означување на истата во индустријата.

Презентер Анкица Илијева Стошиќ, стручно лице за БЗР, Фени Индустри – Кавадарци.

- Испитување на работна средина во индустријата.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода по ден, за пасивно учество на истата, според Годишната програма за спроведување на обуки од областа на БЗР.

ГАЛЕРИЈА

 

 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk