ГРУПАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА - НОВА ИНИЦИЈАТИВА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД СО ДРУГО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ PDF Печати Е-пошта
ДРУГИТЕ ЗА ЗПР - ДРУГИТЕ ЗА ЗПР
Понеделник, 02 Март 2015 10:27

На седница на Групацијата за безбедност и здравје при работа одржана на 27.02.2015 година се расправаше по реализираните активности по  покренатата иницијатива пред Уставниот суд на РМ за оценување на уставноста на Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа (Сл. весник 10/14). Претседателот на Групацијата,  Сашко Стаматовски,  ги информираше присутните дека неколку фирми поднеле  барање преку адвокат,  за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот. Притоа, истакна дека  во изминатиот период е одржана седница на Уставниот суд на Република Македонија, а   подносителите биле информирани дека  поднесената иницијатива е одбиена. Претставниците побараа образложението од Уставниот суд на РМ да биде доставено до сите фирми кои ја покренаа оваа постапка.

Во понатамошната расправа беше  констатирано дека е потребно  да се повтори иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на овој Правилник,  но со друго образложение.

Претседателот на Групацијата,  исто така,  ги информираше  присутните дека на иницијатива на Групацијата за здравје и безбедност при работа,  на 18.12.2014 година беше остварена  средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика. На таа средба било  разговарано за сите проблеми кои ги оптоваруваат фирмите од оваа дејност,  како што се утврдените  минимални и максимални цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, така и за фактот дека во Правилникот не се опфатени дел на работи кои се извршуваат при вршењето на мерењата за имплементирањето за безбедност и здравје при работа.

Исто така, беше истакнато  дека со овој Правилник се опфатени и државни организации институции кои се лиценцирани за вршење на оваа дејност и  кои се сериозни конкуренти на другите лиценцирани компании.

Беше нагласено дека со примената на овој Правилник  биле забележани  и некои  неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на овие стандарди во определени компании и установи со  цени кои  се под минимумот од утврдените со важечкиот Правилник.

Членовите на Групацијата,  расправајќи за измените и дополнувањата на Законот за безбедност и здравје при работа кој треба да се донесат во најбрз краток рок,  изразија подготвеност  активно да се вклучат и да дадат свои предлози.

Извор: Стопанска комора на Р.М http://www.mchamber.org.mk/(S(alo1tyf5o2wxr0v01f3vqzn2))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=28986

 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk