СЕКОИ 15 СЕКУНДИ, РАБОТНИК УМИРА ОД НЕСРЕЌА ИЛИ БОЛЕСТ ПОВРЗАНА СО РАБОТНОТО МЕСТО PDF Печати Е-пошта
МОТ ЦЕНТАР - МОТ - Новости - Проекти - Настани
Понеделник, 13 Јануари 2014 11:35

Секои 15 секунди, работник умира од несреќа или болест поврзана со работата.

Секои 15 секунди, 160 работници доживуваат несреќа поврзана со работата.

Според податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), секој ден, 6300 луѓе умираат како резултат на несреќи или болести поврзани со работата – тоа се повеќе од 2,3 милиони смртни случаи во текот на годината. Годишно, 317 милиони несреќи се случуваат на работа; многу од овие резултираат со продолжени отсуства од работа. Цената која ја плаќа човекот е преголема  и економските трошоци предизвикани од сиромашните практики на безбедност и здравје при работа се проценети на 4 проценти од годишниот глобален бруто домашен производ.

Условите на безбедност и здравје при работа се многу различни помеѓу државите, економските сектори и социјалните групи. Смртта и повредите се особено изразени во земјите во развој, каде поголемиот дел од населението е вработен во хазардни работни активности, како земјоделството, рибарењето и рударството. Во светски рамки, најсиромашните и најмалку заштитените (често жени, деца и имигранти) се најпогодени.

Во Македонија, најзагрозени дејности остануваат земјоделството, градежништвото и рударството. МЗЗПР стандардно изготвува извештај на несреќи во Македонија, кој традиционално го објавува на 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Досегашните извештаи за несреќи можете да ги преземете овде.

 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk