51-ВИ СОСТАНОК НА ILO КОЛАБОРАТИВНИТЕ ЦЕНТРИ (11-12 НОЕМВРИ, 2013), ТОРИНО PDF Печати Е-пошта
МОТ ЦЕНТАР - МОТ - Новости - Проекти - Настани
Петок, 15 Ноември 2013 11:47

На 11 и 12 ноември, 2013 година, се одржа 51-виот состанок на Колаборативните центри на Меѓународната организација на трудот (ILO/CIS).

Настанот се одржа во Торино и во него учествуваа претставници од регионални, колаборативни и национални CIS центри. Претставник на Македонија беше Славица Денковска Самарџиска од Македонското здружение за заштита при работа, кое воедно е и ILO/CIS Колаборативен центар за Македонија.

Дводневниот настан го отворија Феликс Мартин-Даза, Директор на програма во Интернационалниот центар за обуки на ILO, Џузепе Касале, Директор на Секторот за администрација на трудот, трудова инспекција и БЗР на ILO, и Клод Д. Лоиселе, координатор на CIS центрите во ILO и дел од Секторот за Администрација на трудот, трудова инспекција и БЗР на ILO.

Во првиот ден се опфатија неколку теми:

- Управување со знаењата за БЗР во светот кој се менува

На оваа тема господинот Робин Поуп, Директор за учење и комуникации во Интернационалниот центар за обуки на ILO, зборуваше за трендовите и можностите во менаџирањето на знаењата и перспективата на ILO Интернационалниот центар за обуки. На оваа тема се надоврза и господинот Џузепе Касале, дел од раководителството на ILO, кој зборуваше за влијанието на политичкото портфолио на ILO и менаџмент реформата за работа поврзана со БЗР.

- Последни унапредувања во управувањето со знаењата за БЗР

На оваа тема, др. Бегона Касануева, претставник од раководителството на ILO, зборуваше за модернизација на традиционалните информативни производи на CIS. Додека господинот Роланд Мулер, Директор за комуникација и управување со знаењето на ILO, зборуваше за новиот портал за БЗР на ILO, кој треба да овозможи подобрен пристап до онлајн знаења и информации.

- Светски настани и клучни успеси на развојот на знаења за БЗР

Во овој дел зборуваа претставници од 5 земји: Финска, Сирија, Мароко, Камерун и Колумбија, кои ги споделија своите искуства, капацитети и идни планови поврзани со безбедноста и здравјето при работа.

Во вториот ден:

- Се организираа работни групи поврзани со структурата и составот на мрежата, по што се одржа дискусија на истата тема.

- Истите групи соработуваа и одржаа дискусија за управувачките модалитети на мрежата.

Состанокот го затвори господинот Клод Лоизеле, координаторот на CIS центрите во ILO, со поздравен говор и со општ заклучок за целиот настан, кој произлезе од дискусијата на работните групи.

 

 

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. Востаничка бр.2, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk